Манчестер Јунајтед загуби од Брајтон со 3-2, пораз кој значи крај за нив кога е во прашање настапот во англискиот Лига Куп.
Елиминација како елиминација е не е изненадување, но начинот на кој Јунајтед го загуби натпреварот е друга приказна затоа што водеше со 2-0 по само десет минути игра, а потоа дозволи противникот да се размавне и дојде до славје на „Олд Трафорд“.
- Не можеме да го прифатиме ова како група. Јас ја преземам одговорноста за тоа. Настапот кон крајот на второто полувреме е на мене. Сите ќе бидеме подобри. Мора да бидеме подобри. Испаднавме од ова натпреварување и мора да се вратиме на победување на фудбалски натпревари. Не се чувствува добро во моментов. Не се чувствуваме добро.
- Сакаме да победиме и сакаме брзо да победиме. Следниот натпревар е во недела. Само за тоа размислувам во моментов, -истакна менаџерот Мајкл Карик кој истакна дека не чувствува притисок во овој момент кога е во прашање неговата позиција.
- Не се чувствувам под притисок. Како и да е, тоа воопшто не ме загрижува. Генерално воопшто не ме загрижува. Разбирам што се случува надвор и како функционира светот, но тоа не ме загрижува. Она што ме загрижува е победувањето на натпреварите и доброто чувство за околината.
- Мораме да победуваме на фудбалски натпревари и можеме да го сториме тоа. Целосно верувам дека ќе го сториме тоа. Но, очигледно мора да го направиме тоа доста брзо, а неделата [против Фулам] е почетна точка, - заклучи Мајкл.







