Тренерот на Расинг по потопот на „Камп Ноу“: Ова беше како да треба да одите на забар…

Дерби

17/09/2026

13:37

249

Големина на фонт

а а а

Барселона ја оправда фаворитиската улога и забележа убедлива победа над Расинг Сантандер од 7-2 во последниот натпревар од вчерашната програма во Примера.

Каталонците дадоа седум гола, промашија пенал, а не реализираа уште неколку изгледни шанси, плус му „подарија“ два гола на гостинот со лоши реакции што значи дека оваа победа можеше да биде и уште поубедлива.

Интересна изјава за тоа што се случи имаше тренерот на Расинг, Хосе Алберто Лопес кој го спореди ова гостување со одење на забар кога имате болка.

- Знаевме дека средбата ќе биде тешка. Ова беше денот кога ќе одите на забар, и боли. Тие протестираа против четирите минути продолжение; сакаа да нè смачкаат. Барса нè притисна многу добро откако ја загуби топката, и оттогаш па натаму, нè распарчија. Не мислам дека беше нашиот најдобар ден. Ни недостасуваше потребната компетитивност, особено во одбраната, бидејќи пропуштивме премногу можности, што се гледа од трите пенали. Не можете да примите седум гола и да дозволите безброј корнери; треба да бидеме многу подисциплиниран тим.

- Секој пат кога изгледавме решени да ја намалиме разликата и почнавме да им создаваме проблеми, тие забрзуваа и се одвојуваа на семафорот. Тие се тим кој моментално е преполн со самодоверба, тим кој ве казнува сериозно и е многу тешко да се запре, - истакна Лопес кој запрашан за борбата за пехарот, тој одговори:

- Гледам неколку одлични ривали во Ла Лига; очигледно, Реал Мадрид е врвен тим кој е исто така во одлична форма, а Атлетико е конкурентен тим кој го гради својот состав и сигурно ќе биде на врвот. Ќе се соочат со конкуренција, но она што е јасно е дека Барса игра на импресивно ниво во секој натпревар од почетокот на сезоната во Ла Лига. Предизвикот за нив ќе биде да ја одржат таа форма кога ќе започне Лигата на шампионите и кога ќе играат три натпревари неделно“, заклучи Лопес