Мерино за „бисерот“ на Арсенал: Има сличности со Јамал…

Дерби

17/09/2026

13:04

192

Големина на фонт

а а а

Арсенал има моќен тим кој и во оваа сезона ќе игра значајна улога во Премиер лигата и Лигата на шампионите, двете најважни натпреварувања за „топчиите“ кои сигурно ќе пробаат да направат добар резултат и во Карабао и ФА Купот.

Токму во Лига Купот (Карабао) видовме блесок на талентираниот Макс Дауман кој постигна два гола и одново почнаа да се поставуваат прашања дали заслужува поголема шанса во Арсенал и на другите сцени како ПЛ или ЛШ.

Менаџерот Микел Артета е внимателен и јасно порака дека мора да се грижат за тинејџерот кој има 16 години, а Микел Мерино повлече паралела и истакна дека има сличности меѓу Ламин Јамал и Дауман.

- Да, би рекол дека има некои сличности во однос на нивниот карактер. Тие не се грижат за вниманието, напредуваат кога притисокот е најголем, секогаш се подготвени за предизвикот и воопшто не се срамежливи – дури и кога се соочуваат со најголемите имиња во играта, па затоа се многу слични.

- Добрата работа со вакви играчи – Ламин и Макс – е што се посебни таленти, но во исто време се и многу скромни. Тие секогаш се желни да учат и да ги слушаат ветераните. Тоа е непроценливо. Значи, многу сме среќни што го имаме, но во исто време тој знае дека сме тука да му помогнеме и понекогаш дури и ако малку го притискаме, знае дека тоа е за негово добро. Тој е многу добро дете.

- Тој е голем талент и мора да се грижиме за него. Мора да продолжиме да го поттикнуваме. Треба да продолжи да учи – секогаш со отворени очи и уши. Сè уште има голем простор за подобрување во многу области и тој го знае тоа, па затоа ќе бидеме покрај него обидувајќи се да го доведеме до неговото најдобро ниво, - порача Шпанецот.