ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 27-годишник од Неготинско кој без дозвола употребил пронајдена дебитна картичка и извршил три трансакции, стекнувајќи противправна имотна корист.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Т. од Неготинско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.
На 07.09.2026, пријавениот пронашол дебитна платежна картичка од банка, по што без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил и извршил три успешни трансакции, при што се стекнал со противправна имотна корист од 3.645 денари.








