Тешко повреден 18-годишник од Кавадарци во судир меѓу пасат и мотоцикл

Макфакс

17/09/2026

14:10

158

Големина на фонт

а а а

Во Кавадарци се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл, при што 18-годишен мотоциклист се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница.

Вчера во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Б.И. од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот О.Р. од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.