Во центарот на Скопје изгоре куќа која не била населена долго време, при што нема повредени лица. Пожарот беше брзо изгаснат од противпожарната бригада на градот, а на местото се изврши увид.
Вчера околу 08:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во куќа во која подолго време не живеел никој, a е сопственост на 60-годишниот Ѕ.М..
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.








