Гаши во работна посета на Кичево: Со градоначалникот разговарано за актуелните прашања и приоритети на градот

Макфакс

17/09/2026

15:50

175

Големина на фонт

а а а

Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, беше во работна посета на Општина Кичево каде се сретна со градоначалникот и дискутираа за важни актуелни прашања и приоритети, како и за подобрување на соработката меѓу локалната и државната власт.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска престојуваше во работна посета на Општина Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, д-р Александар Јовановски.

На средбата се разговараше за актуелните прашања и приоритети на граѓаните на Кичево, како и за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и државните институции.

Во рамки на посетата, претседателот Гаши присуствуваше и на отворањето на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните.

Гаши истакна дека ваквите канцеларии се важен механизам за непосредна комуникација меѓу граѓаните и нивните избрани претставници и придонесуваат за поголема отвореност и достапност на Собранието