Во Гостивар уапсен 42-годишен маж: Избегал од затворот „Идризово“

Макфакс

17/09/2026

16:30

224

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар е уапсен 42-годишен маж кој избегал од казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Лицето е осудено на дванаесет години и осум месеци затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и кражба.

Денеска во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.

По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор.