Во Охрид, 67-годишен мопедист изгуби контрола и падна на коловозот, при што почина на местото на несреќата. Увидната екипа и јавен обвинител извршија увид и наредија обдукција.
Вчера околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.








