Мурињо со жесток монолог по поразот: Вакво дерби не е за неискусен судија

Дерби

21/09/2026

07:04

669

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико Мадрид, а во гостинскиот табор воопшто не се задоволни од критериумот на судијата Ортиз Аријас, но и неговите колеги од ВАР собата.

Во фокусот се грубите стартови на Ромеро и Ли од првото полувреме, а за Жозе Мурињо тоа биле чисти црвени пенали. Фактот што судиите доделија само еден жолт картон за двете ситуации испровоцираа жестока реакција од Португалецот, кој четири минути од пресот потрошил за монолог посветен на официјалните лица.

– Тоа се два чисти црвени картони. Потоа имавме многу проблеми со играч помалку, а јас само сакам да ги прегрнам моите играчи, кои одиграа одлично прво полувреме, покажувајќи класа и карактер.

– Покрај Атлетико, луѓето што треба да бидат задоволни се оние од Комисијата за делегирање судии. Сè беше многу чудно. Уште пред една недела се знаеше кој ќе суди, иако вообичаено тоа се дознава 24 часа пред натпреварот. Судијата има 41 година и не е меѓународен судија, па според тоа, не може да се очекува дека е врвен судија.

– А кутриот човек не се пожали на притисокот. Тука е и господинот Трухиљо, ВАР судијата кој го повика за првиот црвен картон – но мислам дека не и за вториот – а кој има долга и сложена историја со Реал Мадрид. Само минатата година: Осасуна, Реал Сосиедад, Џирона… Кутриот судија, кој досега судел само помали натпревари и ВАР судијата со долга историја со Реал Мадрид, – потенцирал Мурињо, покажувајќи ја фотографијата со двете спорни ситуации на „Метрополитано“.