Арбелоа обвини дека Јунајтед добил судиска протекција: Знаев дека не смеат да загубат!

Дерби

21/09/2026

13:11

351

Големина на фонт

а а а

Алваро Арбелоа беше на чекор од прва победа како менаџер во Премиер лигата, но во самата завршница Фулам остана без истата поради голот кој со многу среќа го постигна Куња.

Манчестер Јунајте се извлече и успеа да освои бод на „Крејвен Котиџ“, а по последниот судиски свиреж, не можеше да се препознае задоволство кај ниту еден актер на теренот.

Арбелоа не ја криеше фрустрацијата што неговиот тим прими гол непосредно пред крајот, но шпанскиот стручњак повеќе внимание привлече со жестоката изјава која ја даде за главниот судија Питер Бенкс.

– Бевме многу блиску до прва победа, но повторно немавме среќа на крајот. Знаевме дека не чека тежок меч против важен тим во Англија, но исто така, видовме каква тенденција има судијата во текот на целиот меч, – изјави Арбелоа, кој јасно заклучи дека Јунајтед добил судиска протекција откако беше оштетен на дербито против Манчестер Сити.

– Се беше на нивна страна, секоја одлука беше донесена во нивна корист. Дури и ситуацијата со Мегваер која претходеше на голот кој го постигнаа. Речиси секоја одлука беше за нив. По натпреварот со Манчестер Сити, ми беше јасно дека Јунајтед нема да смее да загуби, – посочи Шпанецот.