Јапонците доминираат: Овие автомобили најлесно поминуваат 400.000 километри

Точка

22/09/2026

07:46

644

Големина на фонт

а а а

Компанијата „iSeeCars“ спроведе истражување за да утврди со кои автомобили возачите најлесно можат да стигнат до 400.000 поминати километри.

Целта на анализата била да се утврди кои автомобили се најисплатливи, односно со кои е можно да се помине голема километража без високи трошоци за одржување и чести дефекти.

Откако ги проверила и вкрстила податоците за дури 395 милиони автомобили на северноамериканскиот континент, компанијата „iSeeCars“ дошла до следните заклучоци.


На врвот на листата се наоѓа „Toyota“, чии возила имаат 19,7 отсто шанси да ја достигнат границата од 400.000 километри. Веднаш зад неа е „Lexus“, луксузната марка на „Toyota“, со 14,4 отсто, додека третото место го зазема „Honda“ со веројатност од 13,3 отсто. Просекот за сите анализирани автомобилски марки изнесува само 5,4 отсто.

„Volvo“ и „Mercedes“ мора да се задоволат со веројатност од 2,6 отсто. Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ е на 3,3 отсто, додека германските конкуренти „Audi“ и „BMW“ достигнуваат само 0,5 отсто, пренесува „Revija HAK“.


Јасно е дека азиските автомобили доминираат, но треба да се истакне дека ниските бројки кај германските автомобили делумно се последица на фактот што тие често годишно поминуваат помалку километри од вообичаените автомобили што се користат за секојдневно патување до работа.