Унгарски државјанин во повеќе торби сокрил 200 илјади евра

Макфакс

22/09/2026

16:32

186

Големина на фонт

а а а

Унгарски државјанин бил фатен со несоодветно пријавени девизи на граничниот премин Табановце, при што во повеќе торби биле пронајдени вкупно 200.000 евра. Дел од средствата му биле вратени, додека другите биле задржани, а против него е поднесена прекршочна пријава.

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства, соопшти Царинската управа.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава.