Средба меѓу претседателот на Собранието Африм Гаши и програмската директорка на ИПУ, Зеина Хилал, во функција на зајакнување на родовата еднаквост и унапредување на учеството на младите во политичките процеси, со посебен фокус на борбата против дигиталното насилство врз жените.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ) во пресрет на утрешниот настан „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија“.
На средбата разговараа за актуелните прашања и предизвици поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост, зајакнувањето на учеството на младите во јавниот и политичкиот живот, како и за создавањето услови за нивно активно и рамноправно вклучување во процесите на носење одлуки.
Посебно внимание беше посветено на предизвиците со кои се соочуваат жените и младите во дигиталниот простор, вклучително и дигиталното насилство и различните форми на дискриминација. Во тој контекст, беше истакната потребата од континуирано унапредување на институционалните механизми за превенција и заштита, како и од подигнување на свеста за препознавање и спречување на сите форми на насилство и нееднаквост.
Во текот на средбата се разговараше и за влијанието на родовите стереотипи врз можностите за рамноправно учество на жените во јавниот живот, како и за значењето на создавањето средина во која жените и младите ќе имаат еднакви можности да придонесуваат во демократските процеси и во креирањето на политиките.
Соговорниците се со согласија дека Собранието, во соработка со Интерпарламентарната унија, ќе работот на зајакнување на институционалната соработка и размена на искуства и добри практики. Заедничката посветеност на овие прашања е од особено значење за градење општество во кое еднаквоста, инклузивноста и почитувањето на човековите права ќе бидат темелни вредности.
Продолжувањето на соработката со ИПУ претставува важен придонес кон создавањето побезбеден, порамноправен и поинклузивен простор за жените и младите, со цел тие активно да учествуваат во јавниот живот и да имаат можност да го дадат својот целосен придонес во развојот на демократското општество.












