Рубио: Знаеме како ќе заврши војната во Украина

Макфакс

23/09/2026

09:30

340

Големина на фонт

а а а

Државниот секретар на САД Марко Рубио во интервју изјави дека војната во Украина ќе заврши со договор преку преговори, и дека Вашингтон знае како ќе се случи тоа. Тој ја потенцираше важноста од преговорите и намалување на страдањето.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во интервју за радио WABC изјави дека војната во Украина не е добра за ниту една страна и дека Вашингтон знае како ќе заврши.

Затоа, како што додаде, сосема е логично да се сопре. „Но, за жал, во надворешната политика и во вакви прашања, она што е логично не е секогаш она што всушност се случува“, истакна Рубио.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека Америка „ќе продолжи да дејствува“.

„Значи, секогаш кога има можност да се направи потег и да се премости јазот меѓу овие две страни, претседателот ќе биде подготвен да го стори тоа. И ние ќе продолжиме да се обидуваме да го сториме тоа“, додаде Рубио.

Државниот секретар на САД, исто така, рече дека војната на Русија против Украина нема да заврши со воена победа за ниту едната страна, туку со преговори: „Нема да заврши со убедлива воена победа за едната или другата страна. Ќе заврши со договор постигнат преку преговори. И колку побрзо тоа се случи, толку помалку луѓе ќе страдаат и ќе има помалку уништување“.