Утре терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје

Макфакс

23/09/2026

11:00

126

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје известува дека ќе се изврши терестрична дезинсекција против ларви од комарци на своето подрачје, со предупредување за пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.