Голем удар за Депортиво: Обамејанг оди на долга пауза

Дерби

24/09/2026

11:30

235

Големина на фонт

а а а

Депортиво Ла Коруња се врати во Ла Лига, а Пјер Емерик Обамејанг се промовираше во вистински лидер на екипата која во моментов е на седмото место на табелата во шпанската елита.

Ветеранот од Габон постигна 5 гола и има 2 асистенции на досегашните 7 натпревари, но од Шпанија пристигна разочарувачка вест за клубот и фановите, која вели дека Обамејанг денеска ќе биде подложен на оперативен зафат.

Искусниот напаѓач ја заработил повредата на менискусот на дуелот со Бетис, а прегледите во Мадрид покажале дека мора да биде опериран за целосна санација на проблемот на коленото.

Операцијата е закажана за денеска, по што ќе започне рехабилитацијата, период во кој Депортиво ќе биде без својата прва ѕвезда.

Иако клубот не излегол со прогноза околу должината на паузата, најавите се дека Обамејанг ќе биде во аут најмалку два месеца.