Ван Дајк лут на холандските новинари: Бесмислено е дека јас сум ја правел тактиката на СП

Дерби

24/09/2026

13:30

205

Големина на фонт

а а а

Вирџил ван Дајк вчера бил дел од прес-конференцијата на холандската репрезентација пред обврските во Лигата на нации, а истата поминала во тензична атмосфера поради незадоволството од дел од објавените информации во медиумите за време на мундијалот.

Еден од новинарите тогаш го обвини дефанзивецот дека барал од селекторот Роналд Куман да ја промени тактиката, а тоа било клучно за поразот од Мароко и елиминацијата од СП 2026.

– Ваш колега тврдеше дека јас сум барал да играме со пет фудбалери во одбрана, што е целосна невистина.

– Реалноста е дека потфрливме на светското првенство, тоа е факт. Не игравме добро, тоа не е поврзано само со мене, затоа што играме како тим и одговорноста е заедничка. Многу работи беа кажани, излезе дека јас сум виновник, дека сум го уништил холандскиот фудбал заедно со Куман.

– Каков и да беше, планот функционираше 89 минути, иако одигравме лош натпревар. Бесмислено е да ме обвинувате мене за неуспехот, одлуката за тактиката е спроведена од стручниот штаб, – рекол Ван Дајк.