Општина Аеродром: Се одбележува Европската недела на спортот

Макфакс

24/09/2026

12:10

168

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот со цел да ги поттикне младите на здрави животни навики и спортски активности, организирајќи различни настани и промовирајќи физичка активност и тимски дух.

Општина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.

Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружeа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух.

Општина Аеродром, додаваат од таму, континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. „Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво.

Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт – Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот.

Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница.

Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата“.