Скоти Килмер, познат американски автомеханичар, тврди дека „Toyota Corolla“ е најдобриот избор за автомобил со ниски трошоци.
Автомеханичарот Скоти Килмер јасно истакна дека со купувањето „Toyota Corolla“, возачот добива сигурен автомобил, ниски трошоци и долг работен век.

Според неговите зборови, овој модел со години ја докажува својата издржливост, а бројни примероци поминуваат и повеќе од 500 илјади километри без поголеми дефекти.

Идеален е и за возачи почетници поради добриот погон, малата потрошувачка на гориво и добрата безбедносна опрема.

„Corolla“ се произведува во големи количини и лесно е да се пронајдат добри примероци на пазарот на половни автомобили.

Од шеесеттите години до денес се произведени десетици милиони примероци од овој автомобил во различни каросериски изведби, од лимузини до хечбек-модели, што ја потврдува неговата исклучителна популарност и статусот на еден од најсигурните автомобили на сите времиња.






