Роналдо: Размислував да се пензионирам, но…

Дерби

24/09/2026

06:55

1.004

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо веќе е во петтата деценија во животот, во февруари ќе го прослави 42. роденден, но тој и понатаму останува активен на фудбалската сцена и тоа не само на клупски туку и на репрезентативен план.

Многумина сметаат дека ќе ја заврши приказната со Португалија по последното Светско првенство на кое не беше остварана целта, меѓутоа ветеранот иако размислувал за повлекување останува да биде дел од националниот тим и ќе го гледаме на престојните средби во Лигата на нации.

-Да, размислував за тоа. Секако, секогаш размислувам за моите одлуки, за мојата иднина, а исто така и за сегашноста. Јас сум човек што размислува, мора да размислувате. Затоа ме гледате тука сега, тоа значи дека ќе продолжам, -истакна членот на Ал Наср.

-Сè уште верувам дека можам да му помогнам на националниот тим да го постигне она што го сака. Мислам дека можам да ѝ дадам поддршка на репрезентацијата, не само преку головите, туку и надвор од фудбалот. Постои нова млада генерација, но за мене основната поента е да можам на теренот да постигнувам голови и да му помогнам на тимот да победува на натпреварите.

-Секогаш кога ќе кажат дека не ме сакаат во репрезентацијата, јас ќе бидам првиот што ќе си замине. Кога ќе мислам дека не додавам ништо во тимот или дека создавам атмосфера, јас ќе бидам првиот што ќе си замине. Ќе го земам куферот и ќе си заминам. Португалците сметаат на мене. Затоа сум сè уште тука. Само погледнете ги бројките, сигурен сум дека можете да направите некои пресметки, сè уште добро се снаоѓам. Денот кога нема да сметаат на мене, нема проблем, ќе си заминам. Секогаш ќе бидам навивач број 1 на оваа федерација, -порача Роналдо кој дефинитивно сака да дојде до зацртаната цел, 1000 постигнати голови во кариерата.