Првиот натпревар во Лигата на нации меѓу Холандија и Германија означи старт на новата сезона во УЕФА натпреварувањето, но овој меч ни донесе пресметка и меѓу Чави Ернандес и Јирген Клоп кои дебитираа во новите улоги.
Двајцата добија селекторски предизвици во периодот кој измина, а за Клоп оваа пресметка беше посебно специјална бидејќи играше и против својот капитен од Ливерпул.
Van Dijk & Klopp catching up after Netherlands vs. Germany clash ❤️ https://t.co/HETp20ctDA
— POOJA!!! (@PoojaMedia) September 25, 2026
Вирџил Ван Дајк и Клоп доживеаја многу незаборавни спомени на „Енфилд Роуд“ во заедничката авантура во Ливерпул, па љубовта меѓу двајцата зрачеше на теренот, но и во подтрибинскиот простор.
Клоп и Вирџил се прегрнаа пред самиот старт на мечот, но холандската Федерација го објави и видеото од подтрибинскиот простор кое е снимено од камерите.
Двајцата имале средба по мечот кој заврши 1:1, а Вирџил му го подарил и својот дрес на Германецот како најдобар сувенир за неговото деби во селекторската кариера.








