Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен

A1ON.MK

25/09/2026

12:20

386

Големина на фонт

а а а

Со силна вера во националниот тим, капитенот Енис Барди порача дека Македонија има сѐ што е потребно за да приреди изненадување во утрешниот дуел против фаворизираната Швајцарија. Според него, клучот за успех лежи во препознатливата борбеност, сплотеноста и енергијата од домашната публика, од која очекува масовна поддршка од трибините.

„Подготвени сме да го дадеме максимумот, како и секогаш. Очекувам преполни трибири бидејќи играме на нашиот стадион, пред нашите луѓе, а тоа мора да ни донесе дополнителен мотив. Ова е нашиот дом и така треба да се поставиме од првата минута. За нас е најважно да го зачуваме својот идентитет и неприкословениот борбен дух. Поддршката никогаш не изостанала, а ние ветуваме дека ќе го оставиме срцето на теренот“, истакна Барди.

Предводникот на репрезентацијата, Гоце Седлоски, на официјалната прес-конференција го изрази задоволството од досегашниот тек на подготовките и атмосферата меѓу фудбалерите.


„Изминатите четири тренинзи беа одработени со максимален ангажман. Исклучително сум задоволен од фудбалерите бидејќи јасно ја разбираат својата улога на теренот. Иако Швајцарија е моќен противник, верувам дека со поддршка од трибините можеме да оствариме позитивен резултат. Нашата примарна цел е да прикажеме добра игра. Секако дека ги анализиравме сите детали за противникот – помошна информација добивме и од Растодер и Алиоски – но мојот фокус останува исклучиво на нашиот тим. Сите репрезентативци се здрави и во полн погон, со исклучок на Николов кој отпадна за овој меч. Секоја селекција се соочува со отсуства, но најважо е ние да останеме позитивни и да се фокусираме на нашата изведба“, истакна Седлоски.

​За Седлоски ова ќе биде петти натпревар на селекторската функција, но дебитантски пред домашната публика, по претходните четири дуели одиграни на гостински и неутрален терен. На трибините во Скопје се очекува исполнет стадион и силна поддршка за македонските фудбалери”, изјави Седлоски.