Жезус го „закова“ Роналдо на клупа и направи нешто што не се памети од 2008. година: Беше подготвен да игра, но….

Дерби

28/09/2026

07:53

940

Големина на фонт

а а а

Жорж Жезус беше човекот кој го натера Кристијано Роналдо да остане во репрезентацијата и да биде еден од играчите кои ќе бидат важни во новиот циклус во Лигата на нации, а по скромното издание во кое се изнапромаши против Велс, капитенот синоќа цел меч го мина на клупата за резерви.

За првпат после 2008-ма година, Роналдо не доби ниту една минута и остана неискористена измена на еден натпревар за Португалија, па сосема очекувано, наместо за победата над Норвешка во Осло, повеќе се говореше за статусот на Роналдо.

Иако се загреваше во една фаза од вториот дел, Роналдо не беше повикан од Жезус и не доби шанса за настап, по што португалскиот стручњак мораше да ја објаснува својата одлука по победата од 1:2.

– Тој не влезе во игра и тоа беше моја лична техничка одлука. Размислував да го внесам во последните 30 минути, но натпреварот наметна други работи. Едноставно не сметав дека е вистински момент да го внесам. Сепак, ова не значи ништо, има уште два натпревари во овој циклус и може да игра исто како и другите. Во оваа ситуација, не се работеше за негово менаџирање и физичка заштита, тој беше доволно добро подготвен за да игра.

– Тоа беше мој избор, сметав дека не е идеален момент за да влезе во игра, потребен ми беше играч со поинакви карактеристики. Тоа не значи дека отпаѓа од комбинација, напротив, може да игра веќе против Данска.

– Првичниот договор со него беше тој да ги одигра последните 30 минути, но натпреварот не го бараше тоа. Гонсало Рамош одигра добар меч, постигна гол и му беше поништен еден. Сметав дека не е вистинско време за да го вадам од игра. Како што одминуваше натпреварот, моментот за влегување на Роналдо помина. Наместо да го внесувам него, потребен ми беше играч кој ќе обезбеди рамнотежа за да се сочува водството, – објасни Жезус.