Пелистер се впушта во акција, Червар знае кој е клучот за победа над Ла Риоха

Дерби

29/09/2026

15:26

309

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер почнува со обврските на европската сцена, а првиот предизвик е шпанска Ла Риоха.

„Зелено-белите“ се домаќините на утрешниот меч кој е закажан за 20:45 часот, соочување на кое домаќините ќе имаат статус на фаворити со тоа што тоа ќе мора да го потврдат на теренот во салата „Боро Чурлевски“.

Тренерот Лино Червар очекува сериозна поддршка од трибините, но и позитивен резултат за старт на Европската лига.

-Нè поставија како фаворити покрај Гумерзбах и Логроњо Ла Риоха, а тоа е малку преамбициозно. Но, тоа за нас нема никакво значење. Мораме добро да се подготвиме. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Ла Риоха е клуб против кој веќе сум играл и има голема традиција. Ќе биде тежок натпревар, не чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени, а и ние со многу енергија и ментална сила.

-Посебно важна е нашата одбрана. Кога некој игра добра одбрана, тогаш има голема шанса да го добие натпреварот. Ова е наш прв натпревар оваа година во ЕЛ, а луѓето очекуваат многу од нас. Многу сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам многу публика. Навивачите се многу поврзани со нашиот клуб, ниту еден успех на Пелистер не би бил можен без публиката. Публиката е нашата сила, наш играч повеќе. Ние тоа мора да го оправдаме. Мора да покажеме голема енергија, желба за победа — тоа е исклучително важно. Страста за победа дава дополнителна енергија. Затоа јас верувам во мојот тим, верувам во Пелистер, затоа сум тука. Нема да биде лесно, ама со оптимизам го чекаме натпреварот и сите сакаме победа, -заврши Червар.