Наполи ќе се откаже од МекТоминеј по крајот на сезоната

Дерби

02/10/2026

11:45

215

Големина на фонт

а а а

Скот МекТоминеј полека им се враќа на тренинзите во својот клуб Наполи и се обидува што побргу да се врати во комбинација по оперативниот зафат на срцето.

Шкотскиот фудбалер поради истата причина ги пропушти досегашните натпревари во Лигата на нации, па нема да биде во комбинација и за дуелот во Скопје, а од Италија пристигнуваат информации дека неговиот актуелен клуб планира да го продаде во текот на летото.

Договорот на МекТоминеј со Наполи истекува во 2028 година, па следниот летен преоден рок ќе биде последна шанса за Наполи да заработи одредена сума од неговиот трансфер, односно да не му дозволи да замине како слободен агент.

Раководството на Наполи се решило на ваков чекор поради финансиските услови кои ги поставил фудбалерот, кој бара 8 милиони евра по сезона за продолжување на соработката со поранешниот италијански шампион.

Аурелио Де Лаурентис не сака да слушне за ваква сума, посебно не за фудбалер кој наскоро ќе почне да ја ситни и четвртата деценија од својот живот.

Најавите се дека МекТоминеј ќе привлече голем број понуди, а не е исклучено да се врати и во Манчестер Јунајтед.