Мајкл Даглас по 42 години откри дека имал афера со актерката Кетлин Тарнер. Таа сега се огласи по повод неговото признание.
Даглас во своите мемоари „One Helluva Ride“ откри дека тој и Тарнер, која денес има 72 години, имале тајна љубовна врска за време на снимањето на нивниот голем хит „Лов на зелениот дијамант“ од 1984 година во Мексико.

Во извадок од своите мемоари, кој магазинот „Пипл“ го објави на 2 октомври, Даглас наведува дека тој и Тарнер за време на снимањето „лудо се вљубиле еден во друг“ и започнале врска што намерно ја чувале во тајност.

„Најпрво се пронајдовме еден со друг како пријатели, потоа како актерски партнери, а на крај и како љубовници“, напишал Даглас во извадокот од мемоарите.

Но сега и Кетлин одлучила да проговори за оваа страсна авантура и за магазинот „Пипл“ дала кратка изјава. Судејќи според нејзиниот коментар, признанието на Даглас не ја вознемирило, а уште помалку го нарушило нејзиниот јавен имиџ.

„Господе Боже, каква ’врева‘ се крена околу нешто што се случило пред 40 години!“, се пошегувала таа и додала: „Го сакам Мајкл и се радувам што ќе уживам во книгата“, заклучила актерката.





