Со мотоцикл удрил во полициски службеник: не застанал на неговото предупредување

Макфакс

06/10/2026

14:13

188

Големина на фонт

а а а

На подрачјето на Гази Баба приведен е 21-годишен скопјанец поради непочитување на полициско предупредување и судир со полициски службеник при извршување на службени дејствија.

На подрачјето на Гази Баба синоќа во 19:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(21) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 13:40 часот не застанал со мотоцикл на даден знак за запирање и со мотоциклот удрил во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.