Бразилската манекенка Алесандра Амбросио ги „запали“ социјалните мрежи откако објави фотографии на кои позира без горниот дел од костим за капење и ги воодушеви обожавателите.
Моделот позираше во долниот дел од бикинито, додека горниот дел од телото го покриваше со рацете додека лебдеше на грб. Покра серијата фотографии, таа напиша: „Ќерка на сонцето, љубителка на морето“.

Во објавата, таа го тагна и заедничкиот Инстаграм профил што го води со свршеникот Бак Палмер, каде што ги документираат своите патувања. Во коментарите, обожавателите ја обсипаа со комплименти за нејзиниот изглед.
„Најубавата жена на светот“, „Како сирена“, „Секоја година станува поубава“, „Огнена Бразилка“, се некои од нив.

Патем, поранешната ѕвезда на „Викторија Сикрет“ во август годинава откри дека Бак Палмер ѝ предложил брак.
„Би те избрала во овој живот и во секој живот. Засекогаш, љубов моја“, напишала таа во описот на заедничката фотографија.

Претходно беше верена со Џејми Мазур, со кого има две деца: Ања и Ноа. Таа и Бак беа видени заедно во јавноста за прв пат кон крајот на 2024 година. Потоа беа фотографирани на забава во Мајами.