Општина Аеродром обезбеди 400.000 евра од „Еразмус плус“ за модернизација на образованието

Макфакс

07/10/2026

12:50

231

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром обезбеди грант од 400.000 евра за нов Erasmus+ проект кој ќе придонесе за модернизација и унапредување на квалитетот во образованието преку нови методи на учење и дигитални алатки.

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов, потпишаа договор за реализација на нов Erasmus+ проект, вреден 400.000 евра.

Станува збор за најголемиот грант одобрен од Националната агенција во рамките на новата клучна акција KA240, воведена од Европската комисија минатата година.

Општина Аеродром е координатор на проектот, кој ќе се реализира во партнерство со уште осум партнери од Италија и Хрватска.

Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на образованието преку современи методи на учење, јакнење на знаењата и вештините на наставниците и воспитувачите, подобрување на соработката меѓу градинките, училиштата и родителите, како и поголема поддршка за децата на кои им е потребна дополнителна помош.

Предвидено е и воведување нови дигитални алатки и ресурси во наставата, како и размена на искуства и добри практики со европските партнери.

Од Националната агенција ги охрабруваат општините во Македонија да се информираат за конкретните можности што ги нуди KA240 и да ги искористат за развој на квалитетни европски партнерства и проекти во образованието.