Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Макфакс

07/10/2026

13:40

289

Големина на фонт

а а а

Маж и жена направиле пожар во селото Горно Соње додека правеле ајвар, откако пепелот од ќумбето со жар го истуриле во близина на куќата. Полицијата интервенирала и пожарот бил изгаснат без повредени лица.

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во него најверојатно имало жар.

Според информациите на МВР, вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека во село Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева.

„Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, велат од МВР.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.