[ФОТО] Газа пред и потоа: Три години војна променија сè, погледнете ги размерите на уништувањето

Точка

07/10/2026

18:37

631

Големина на фонт

а а а

Три години по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, фотографиите снимени пред и по војната ги покажуваат размерите на уништувањето во Појасот Газа, кој прв се најде на удар на израелскиот одмазднички напад.

Цели градски квартови се претворени во урнатини, болници и друга клучна инфраструктура се тешко оштетени, а голем дел од населението беше принудено да ги напушти своите домови.




Израел денес ја одбележува третата годишнина од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој, според израелските податоци, биле убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице биле одведени како заложници во Газа.



Тоа беше најсмртоносниот поединечен напад во историјата на Израел, по кој следуваше голема израелска воена операција во Појасот Газа.



Според податоците на здравствените власти во Газа, за време на израелските напади и копнените операции биле убиени повеќе од 74.000 луѓе.


Фотографиите ги покажуваат размерите на уништувањето

По повод третата годишнина, „Профимедиа“ објави серија споредбени фотографии кои покажуваат како изгледале одредени локации во Газа пред војната, а како изгледаат по повеќегодишните израелски напади.





На фотографиите се гледаат некогаш густо изградени делови од градовите, кои денес се покриени со урнатини, како и тешко оштетени патишта и јавна инфраструктура.



Голема штета претрпеле и здравствените установи, меѓу кои болницата Ал-Шифа и здравствениот центар на УНРВА во бегалскиот камп Ал-Шати.




Погодени се струјата, водата и комуникациите

Повеќегодишниот конфликт тешко ја погоди и инфраструктурата неопходна за секојдневниот живот.



Снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење претрпе големи нарушувања, како и телекомуникациските мрежи, додека функционирањето на здравствените и хуманитарните служби е сериозно ограничено.





Голем дел од населението за време на војната било принудено да ги напушти своите домови и повеќепати да се преселува во рамките на Појасот Газа. 

Фото: Профимедиа, Али Џадалах, АФП