На Октоберфест останал со сметка од 38.000 евра: „Бев целосно пијан“

Супермен

07/10/2026

19:18

554

Големина на фонт

а а а

Вечерта на Октоберфест, која требало да биде обично дружење, завршила со сметка од неверојатни 38.000 евра. Фредерик Принц фон Анхалт (83), вдовецот на актерката За За Габор, тврди дека на крајот морал сам да ги плати трошоците откако друштвото со кое славел исчезнало.

Фон Анхалт за минхенскиот „Абендцајтунг“ раскажал дека бил во познатиот шатор „Кефер Визн-Шенке“, каде што им се придружил на група познаници од Калифорнија и Холивуд. Според неговата верзија на настаните, вечерта започнала сосема нормално.

Бидејќи не пие пиво, се согласил да испие чаша шампањ. Но, друштвото нарачувало големи магнум-шишиња, а една чаша набрзо станала неколку.


„Бев целосно пијан“, признал 83-годишникот, кој рекол дека на делови од вечерта повеќе воопшто не се сеќава.

Друштвото исчезнало, а нему му стигнала сметката

Најголемото изненадување следувало кога пристигнала сметката од 38.000 евра. Фон Анхалт тврди дека тогаш на масата веќе ги немало луѓето со кои ја поминал вечерта.

Тој има и своја теорија зошто исчезнале. Тврди дека ја виделе неговата картичка „Американ Експрес Центурион“ позната како „црната картичка“, по што друштвото наводно го снемало.


*Фредерик Принц фон Анхалт на Октоберфест (првиот од лево)

„Јас сигурно не сум некој кој може да испие 38.000 евра“, изјавил тој за „Абендцајтунг“. Сепак, на крајот ја платил целата сметка.

„Како 83-годишник морав да ја платам целата сметка. Американец сум, нормално дека платив“, рекол тој, а потоа налутено додал: „Тие гадови!“.

Со келнерката, како што рекол, не сакал да се расправа. „Кутрата жена не е виновна за ништо“, заклучил тој.

Поради сметката му се јавиле од „Американ Експрес“

Колку сумата била невообичаена покажува и она што се случило потоа. Фон Анхалт тврди дека од „Американ Експрес“ го контактирале за да проверат дали сè е во ред со неговата картичка и дали можеби била украдена.

Сметката повеќе ја нема – рекол дека или ја изгубил или ја оставил на масата.


Ниту враќањето во хотелот не му останало сосема јасно во сеќавањето. Некој, според неговите зборови, го однел до хотелот „Бајеришер Хоф“, а кога дошол при себе, лежел на креветот целосно облечен.

„Абендцајтунг“ нагласува дека неговата приказна не може независно да се потврди, особено затоа што самиот Фон Анхалт признал дека бил толку пијан што не се сеќава на делови од вечерта.

Засега, значи, станува збор за неговата верзија на настаните.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk