KIABI пристигна во Скопје: Француска мода за целото семејство сега достапна и за македонските купувачи

Точка

08/10/2026

15:45

288

Големина на фонт

а а а

Францускиот моден бренд KIABI, препознатлив по концептот на достапна мода за целото семејство, официјално влезе на македонскиот пазар, свечено отворајќи ја својата прва продавница во East Gate Mall во Скопје. Со тоа, локалните потрошувачи за првпат добиваат можност да ја откријат целосната понуда и концептот на брендот.

Претставниците на КIABI на свеченото отворање истакнаа дека во основата на брендот е идејата „секогаш повеќе за семејствата“. Овој бренд ја развива својата понуда околу различните потреби на семејствата и создава мода за повеќе генерации, стилови и животни фази. Од најмладите до повозрасните членови на семејството, фокусот е на современа, практична и достапна облека за секојдневието.

- Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница во земјава, токму во East Gate Mall. KIABI е француски бренд за целото семејство и тука секој може да го најде тоа што му треба. Понудата е за различни генерации, стилови и потреби на потрошувачите, како и голем избор на производи и во поголеми конфекциски броеви. Нашата стратегија е да понудиме квалитетни производи по пристапни цени, но притоа ставаме голем акцент и на одржливоста. Многу сме им благодарни на нашите партнери BALFIN Group и East Gate Mall кои ја препознаа визијата на брендот – рече Пјер Жил Ботерел, менаџер на интернационалната франшиза на KIABI. 


Во една од водечките шопинг и лајфстајл дестинации во Скопје, East Gate Mall, на простор од речиси 800 квадратни метри, брендот ја презентира својата комплетна модна понуда за целото семејство. Трговскиот центар годишно привлекува повеќе од осум милиони посетители, а изборот на оваа локација ја одразува амбицијата за долгорочен развој на брендот на локалниот пазар, почеток на структурираната експанзија на овој бренд во земјава и дел од пошироките планови за развој на Балканот.

Влезот на новиот бренд во земјава се реализира во партнерство со BALFIN GROUP, која има повеќе од 30 години искуство во малопродажбата и веќе управува со две продавници на KIABI во Албанија. Проширувањето на партнерството на локалниот пазар претставува нов чекор во развојот на францускиот бренд на Балканот. Со продажниот простор управува локално регрутиран тим, обучен според врвни стандарди, со што искуството на купувачите во Скопје е усогласено со концептот и вредностите на брендот на останатите пазари. 


Пристапноста е дел од идентитетот на KIABI уште од основањето на брендот во 1978 година во северна Франција, кога неговата визија била модата за целото семејство да стане достапна за што поширок круг потрошувачи. Речиси пет децении подоцна, пристапната цена и понатаму останува во центарот на стратегијата на брендот, заедно со дизајнот, практичноста и широкиот избор.

Истовремено, KIABI ја гради својата понуда и врз принципот на инклузивност. За брендот, модата не е прашање на конфекциски број или возраст, туку можност секој да најде стил и решение што му одговара. Колекциите се развиваат во различни големини и модели, со цел модата да биде достапна за што повеќе луѓе. Зад колекциите стојат 56 интерни дизајнери кои креираат производи со фокус на добра вредност за парите, практичност и потребите на современото семејство. На тој начин, KIABI настојува да го поедностави секојдневното купување и на едно место да понуди избор за секој член на семејството.


Посебен дел од развојот на KIABI е и неговиот пристап кон поодговорна мода. Компанијата работи на употреба на материјали со помало влијание врз животната средина, продолжување на животниот век на облеката, повторна употреба и продажба на веќе носени производи, како и подобрување на трајноста на производите.

Отворањето на продавницата во Скопје е дел од континуираното меѓународно проширување на брендот. По рекордната 2025 година, во која KIABI забележа раст од 8 отсто и отвори 43 нови продажни места низ светот, компанијата го продолжи својот развој и на Балканот. KIABI денес има 649 продажни места во 38 земји, речиси 10.000 вработени од 83 националности и приходи од 2,5 милијарди евра.

Со присуството во Скопје, домашниот пазар стана побогат за концепт изграден околу достапна и инклузивна мода за целото семејство, со понуда за различни генерации, стилови и секојдневни потреби.