[ФОТО] Најдобриот играч во НБА лигата реши да инвестира во шпански великан

Дерби

09/10/2026

09:04

264

Големина на фонт

а а а

Американскиот инвестициски фонд „Аполо“ стана мнозински сопственик во Атлетико Мадрид откако во март оваа година комплетираше трансакција со која презема 55 проценти од акциите на клубот, а „америчката жичка“ која ја добија „колчонеросите“ отсега е збогатена и со инвестиција од голема НБА ѕвезда.

Шеј Гилџус Александер беше биран за најдобар и најкорисен играч во НБА лигата за изминатите две сезони, а од денеска фантастичниот играч на Оклахома има свој удел и во Атлетико Мадрид.

Според пишувањата на медиумите од САД и соопштението пренесено од двете страни, ова партнерство е основано на заеднички вредности како што се амбицијата, извонредноста и желбата за успех, па токму овие елементи го натерале Шеј да стане акционер во клубот.

– Возбуден сум што официјално се приклучувам кон групата акционери на Атлетико Мадрид. Ова е клуб со долга историја на самиот врв на европскиот фудбал и ја ценам можноста да бидам дел од неговата иднина, – порача ѕвездата на Оклахома.

Со овој потег, Шеј се приклучува на низата НБА ѕвезди кои инвестираат во европскиот фудбал, следејќи ги примерите на ЛеБрон Џејмс (Ливерпул), Кевин Дурант (ПСЖ) и Јанис Адетокумбо (Челси жени).