Капитенот Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, Македонија секогаш…

Дерби

09/10/2026

09:08

256

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација не се прослави во сегментот Б во Лигата на нации и во четирите натпревари забележа четири порази од Швајцарија (2), Шкотска и Словачка.

Ова беа натпревари во кои бевме надиграни како на домашен така и на гостински терен, тешко создаваме шанси, упативме премалку удари кон противничкиот гол, односно останавме без погодок со што ја продолжувме црната серија. Имено без гол сме од минатиот ноември кога доживеавме дебакл од Велс во Кардиф (7-1), додека последната победа победа ни е во септември 2025 година против Лихтенштајн (5-0).

Многу работи не фунционираат и за тоа е свесен селекторот Гоце Седлоски, ама и играчите и токму капитенот Енис Барди се огласи со порака дека ќе се вратиме на победнички патеки во иднина.

-Дадовме се од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли… Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна, –порача Барди.