Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Макфакс

11/10/2026

08:20

1.163

Големина на фонт

а а а

Сметот од Куманово привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје поради блокадата на депонијата Краста, а градоначалникот Максим Димитриевски им се извини на сограѓаните за предизвиканите непријатности.

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста.

Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и менаџерскиот тим на Дрисла.

Димитриевски најави дека продолжуваат активностите за санација на депонијата Краста и надминување на проблемот со отпадот.

„Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“, наведе Димитриевски во објава на Фејсбук.