Пијан возач со автомобил влетал во полн ресторан во Солун, повредени три лица

Макфакс

11/10/2026

18:20

353

Големина на фонт

а а а

Автомобил со пијан возач влетал во ресторан во Солун, при што се повредени три лица и има материјална штета на објектот. Возачот е уапсен по несреќата.

Три лица се повредени откако 45-годишен возач со автомобил удрил во стаклениот излог на угостителски објект во населбата Евосмос, во Солун.

Според информациите на грчкиот медиум, повикувајќи се на полицијата, возачот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во локалот. При алкотестирањето било утврдено дека 45-годишникот управувал со автомобилот под дејство на алкохол.

Во несреќата биле повредени тројца гости во угостителскиот објект, а на локалот била причинета материјална штета.

Возачот е уапсен и ќе биде изведен пред надлежните правосудни органи.