[ВИДЕО] Халанд за лудата сцена со неговиот татко на „Енфилд“: Се надевам дека уживаше

Дерби

12/10/2026

11:00

245

Големина на фонт

а а а

Играчите на Манчестер Сити на најдобар можен начин одговорија на жестокиот притисок под кој се најдоа во последно време, а првиот натпревар кој дојде по одлуката дека клубот е виновен според 114 обвиненија од Премиер лигата беше оној на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул.

Големото дерби беше добра шанса за двата тима да го искористат добриот моментум, па иако голем дел од англиската јавност очекуваше пораз на „граѓаните“, избраниците на Енцо Мареска беа оние кои се радуваа на победа.

Црвениот картон на Рајан Гравенберх значително им ја олесни работата, а Ерлинг Халанд беше оној кој го „начна“ големиот ривал и кој го најави триумфот од 0:3.

Халанд навистина уживаше во посебната атмосфера на „Енфилд“ пред голем број гостински фанови кои допатуваа во Ливерпул, а посебно за него беше и тоа што неговиот татко Алфи беше на трибините.

– Да бидам искрен, нашите фанови изледа како да го имаат денот на своите животи. Истото се случи и лани кога победивме на овој стадион. Беше навистина убаво да се доживее ова со фановите, а сигурен сум дека одлично си помина и мојот татко, – порача Халанд.

– За секој играч и за секој фан на Сити, ова е прекрасен момент кој ќе остане во сеќавање. Мислам на чувствата за време на натпреварот, но и по крајот на истиот. Беше тешко и напорно, но покажавме неверојатен карактер како тим и затоа сум горд на сите, – заврши Норвежанецот.