[ВИДЕО] Аморим: Не можеме да примиме таков гол…

Дерби

12/10/2026

11:28

252

Големина на фонт

а а а

Милан и понатаму е непоразен во италијанската Серија А, но „росонерите“ играат променливо и никако не можат да фатат победнички ритам.

„Црвено-црните“ не ја оправдаат фаворитската улога во соочувањето со Сасуоло и освоија само бод на „Мапеи“ (1-1). Гостите дојдоа до предност во 63 минута, ама истата траеше само пет минути пред Одетнтал да го постави конечниот резултат со гол кој за тренерот Рубен Аморим не смее да се дозволи.

-Заслуживме да поведеме, но по голот не ја контролиравме играта, а треба да ја контролираме играта со топка, не можеме да се откажеме или да се обидеме да се одбраниме. Продолживме да притискаме, бидејќи моментумот беше со нас, но не на вистинскиот начин. Кога ја имавме топката, ја губевме многу брзо. Тоа може да се случи, но она што не може да се случи е да примиме гол од корнер, -вели Португалецот кој е тажен поради повредата на дефанзивецот Матео Габија.

-Не знам каква повреда има Габија, но навистина ми е жал за мојот играч, бидејќи работи навистина напорно, го заслужи своето место во тимот, а потоа да се има ваква ситуација толку рано е тешко за него. Фудбалот понекогаш има вакви работи, имавме неколку недели без натпревари и сите беа во форма, сега имаме натпревари, ја имаме ситуацијата со Алексис Салемакерс и Габија. Ќе треба да почекаме и да видиме, -истакна предводникот на клубот од Милано.