[ВИДЕО] Србинот е подготвен за новата сезона: Јокиќ испорача трипл-дабл за три четвртини

Дерби

12/10/2026

11:26

224

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ повторно ќе биде еден од играчите на кој ќе треба да се внимава оваа сезона, една од главните ѕвезди во НБА лигата и играч кој ако нема проблеми да биде во најтесен круг за МВП признанието.

Србинот е расположен за игра и со нетрпение го чека стартот на натпреварувачката 2026/2027, а како потврда за тоа е одличното издание против Чикаго Булс.

Денвер Нагетс го доби тест натпреварот со 133:128 и тоа во соочување во кој Јокиќ беше во фокусот со трип-дабл за 26 минути или по само три четвртини. Центарот уфрли 22 поени со 11 скока, 10 асистенции, плус имаше 1 блокада, најголема поддршка му беш Гордон со 25 поени и 6 скокови.

На другата страна Милер имаше 26 кошеви.

Денвер со почетокот на кампањата ќе одигра уште две пријателски против ЛА Клиперс и ЛА Лејкерс.