Физичка пресметка меѓу 29-годишник и 20-годишна девојка пред ноќен клуб во Центар: скопјанката била агресивна и кон полицајците

Макфакс

12/10/2026

15:59

262

Големина на фонт

а а а

Пред ноќен клуб во Центар Скопје се случила физичка пресметка помеѓу 29-годишник и 20-годишна девојка, која се однесувала агресивно и кон полицајците. Случајот е пријавен и следуваат соодветни поднесоци по документирањето.

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред ноќен клуб на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје.

И.С. се однесувала и агресивно кон полицијски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.