Педесет и деветгодишен маж од Чашка е тешко повреден во сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје, кога со автомобилот удрил во заштитна ограда, по што возилото се превртело на коловозот.
Несреќата се случила вчера (12 октомври), околу 9 часот, во близина на наплатната станица Отовица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, З.Ј. (59) од Чашка управувал патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки кога изгубил контрола, удрил во заштитната ограда и се превртел на патот.
Повредениот возач бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди. Извршен е увид.








