Дваесет и петгодишен скопјанец е уапсен по пријава дека физички ја нападнал сопругата со која е во бракоразводна постапка во скопската општина Гази Баба.
Дваесет и петгодишен скопјанец е уапсен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Нападот бил пријавен во дом на подрачјето на Гази Баба, по што полициските службеници презеле мерки и го привеле осомничениот А.А. (25).
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








