Шарлот Флер, легендата на женското борење и светска шампионка (дури 14 пати), докажа дека атрактивниот изглед и силата одат рака под рака.
Ќерката на легендарниот Рик Флер присуствуваше на проекцијата на филмот „Уличен борец“ во Холивуд, а за таа пригода одлучи да облече смела модна комбинација. Шарлот избра атрактивен црн фустан кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината завидна фигура и мускулесто тело.

Како што можете да видите, креацијата е изработена од проѕирен материјал, а открива многу. Деталите на самиот фустан се импресивни, особено белите линии кои, сепак, вешто ги криеја интимните делови од телото.
Не треба да ја изоставиме јаката, која на целото издание му даде допир на модерен гламур.
Отворениот грб е составен дел од оваа секси комбинација, а на уникатен начин ги истакнува силните, мускулести рамена на Шарлот.

Својот заводнички стил таа го комплетирала со брановидна фризура која паѓа на едното рамо, што се однесува до шминката, преовладуваат земјените тонови кои ја нагласуваа нејзината убиствена убавина.








