Утре без вода неколку скопски улици

Макфакс

16/10/2026

16:40

370

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, 17.10.2026 година ( сабота ) поради промена на затворач ф-100 на ул. Миладин Поповиќ 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Миладин Поповиќ и дел од следните улици: Орце Николов, Бул.Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.