Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави денеска дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји – Полска, Романија, Словачка и Унгарија – да овозможат транзит на украинското жито поради блокадата на Црното Море.
Маѓар, кој вчера на билатерална средба со Зеленски се договорил за обновување на односите меѓу Украина и Унгарија, изјави дека не би имал ништо против оваа мерка доколку украинските пратки со жито само транзитираат низ Унгарија.
Украина се соочува со отежнат извоз на жито по морски пат поради руските напади врз нејзините црноморски пристаништа. Поради тоа, дел од земјоделските производи се пренасочуваат кон копнени транспортни правци преку соседните земји.








