Мексико предупредува на ураганот Труди, тајфунот Чампи се движи кон Гуам

Макфакс

17/10/2026

20:20

251

Големина на фонт

а а а

Мексиканската морнарица денеска ги повика поморските служби и жителите на крајбрежните подрачја да бидат максимално внимателни поради ураганот Труди, кој носи високи бранови, обилни врнежи и ризик од зголемување на нивото на реките.

Предупредувањето за ураган е на сила на потегот од Манзанило, во сојузната држава Колима, до Кабо Кориентес, во државата Халиско.

Властите во Колима соопштија дека засега ризиците се мали, но предупредија дека ураганот може да донесе значителни количества дожд и да предизвика штети поради заситената почва, по серијата бури што претходно го погодија пацифичкиот брег.

Во текот на викендот се очекуваат врнежи од 10 до 20 сантиметри.

Тајфунот Чампи се движи кон Гуам

Во Тихиот Океан, тајфунот Чампи зајакнал и се движи кон запад, во правец на Гуам, со брзина од 23 километри на час. Максималната брзина на неговите постојани ветрови достигнала 160 километри на час.

Ова го наведуваат податоците објавени на веб-страницата на американската Национална метеоролошка служба и Командата за метеорологија и океанографија на американската морнарица.

Предупредување за тајфун е издадено за Гуам и островот Рота, додека предупредување за тропска бура е на сила за Тинијан, Сајпан и околните подрачја.