Настанот „British Museum Ball“ (Балот на Британскиот музеј) во Лондон собра бројни познати личности, а меѓу најголемите ѕвезди на вечерта бил фронтменот на групата „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер.
Легендарниот музичар се појавил на свеченоста со својата свршеница Мелани Хамрик, која блеснала во елегантен златен фустан украсен со светкави детали.
Mick Jagger and Melanie Hamrick attend The British Museum Ball 2026 at The British Museum in London, England.
More #GettyVideo 🎥 @MarkEdCase 👉 https://t.co/0pg4Z348Jl https://t.co/aYJHciXpbw
— Getty Images Entertainment (@GettyVIP) October 17, 2026
Џегер изгледал среќно покрај неа, а насмевката не ја симнувал од лицето. Се чини дека разликата од дури 44 години меѓу нив не претставува пречка за нивната љубов.
Парот е заедно веќе 12 години, а Хамрик дури во април оваа година откри дека се свршиле пред две или три години. Заедно имаат син, Девро Октавијан Бејзил, роден во 2016 година. Тоа е прво дете на Мелани, а осмо на Џегер.

Големата разлика во годините никогаш не им претставувала проблем. Хамрик во интервју за лондонскиот „Тајмс“ во септември 2024 година изјавила дека не се оптоварува со туѓите мислења.
„Секој има свое мислење. Ако се оптоварувате со тоа што мислат другите, без оглед на тоа во која животна фаза се наоѓате, ќе имате проблем и постојано ќе анализирате сè“, изјавила таа.

Се запознале во 2014 година во Јапонија, каде што „Ролинг Стоунс“ и Американскиот балетски театар, чија членка тогаш била Хамрик, истовремено биле на турнеја. По концертот, пријателите ја запознале со Џегер зад сцената, а неколку месеци подоцна започнале љубовна врска.