Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата

Макфакс

26/10/2026

12:00

280

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени победата на Студентската листа на вонредните парламентарни избори во Србија како ново поглавје во историјата на земјата и изрази спремност за продолжување на соработката меѓу двете држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изборите во Србија.

„Во Србија се случија промени, победа на Студентската листа. Ова е очигледно ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ.
Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им обезбедува повеќе можности на луѓето.

Подготвени сме да продолжиме да ја прошируваме нашата соработка и нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија!“, рече претседателот на Украина.

На вонредните парламентарни избори во Србија, Студентската листа победи со 52,54 проценти од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ „Обединета Србија“ освои 39,29 проценти, пренесуваат тамошните медиуми.